Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Ова остана од болидот на Грожан, целосно пеплосан, тој помина со изгореници

Страотна несреќа доживеа Роман Грожан за време на трката за Големата награда на Бахреин. Имено, тој со својот болид удри во заштитниот ѕид, а болидот пламна во оган. Грожан спасуваше жива глава, а веројатно секунди беа во прашање, па овој инцидент на патеката да заврши трагично. Од неговиот болид не остана ништо, целосно е пеплосан, а тој за среќа поминал само со помали изгореници.