Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Овој човeк некој го проколнал – Кариус продолжува со грешките

Откако во финалето од Лигата на шампионите направи две кардинални грешки бранејќи за Ливерпул, германскиот голман Лорис Кариус се претвори во вистинска карикатура.

Случајно или не, овој 25-годишен голман од таа ноќ го следат само бизарни ситуации, а последната му се случи вчера.

Кариус во меѓувреме го промени клубот и сега брани за Бешикташ, а вчера прими толку несреќен и комичен гол.

Во дуелот со Малме, Кариус во 53. минута прими гол кој на крајот беше запишан како автогол на Еркин.