Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Па дали е можно, Халанд не престанува да „тресе“, постави нов рекорд во Бундеслигата

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд два пати се запиша во листата на стрелци на денешниот натпреварот со Унион Берлин (5:0) од 20. коло од Бундеслигата. За Халанд ова е седми гол на три натпревари, откако се пресели во Борусија од Ред Бул, што е нов рекорд во Германското фудбалско првенство.

Претходно, 19-годишниот Норвежанец направи хет-трик во натпреварот против Аугсбург (5:3), а исто така постигна два гола против Келн (5:1).

Подвигот на Халанд добива на тежина ако се знае дека денес тој одигра 77 минути, против Аугсбург настапи 35 минути, а на натпреварот против Келн на теренот беше само 26 минути.