Фудбал
ВИДЕО: Па дали е можно, пред камерите се расплака и големиот Ибрахимовиќ
Чести се моментите кога емоциите ќе ги совладаат спортистите, но веројатно никогаш не сте претпоставиле дека некогаш и тоа пред камерите ќе се расплаче големиот Ибрахимовиќ. Сепак и тој имал “ахилова пета”, односно слаба точка. Како и за сите, така и за него, тоа е семејсвото. На својата прва прес конференција по враќањето во националниот дрес беше запрашан за семејството. Поради коронавирусот не може да се сретне со нив и да се види, поради тоа што мора да бидат во карантин, секако тоа го погоди, па се расплака пред камерите.
Потоа следуваа стандардни прашања, за фудбалот и неговото враќање во националниот дрес. Секако Ибра порача дека чувствува дека може да помогне и дека е најдобар и дека му се става на располагање на селекторот. За потсетување со 39 години, по долга пауза Ибра се враќа во репрезентацијата на Шведска.
Ibrahimovic y su emoción en la conferencia de prensa cuando le preguntaron que piensan sus hijos de su regresó a la selección. pic.twitter.com/ifnzYOlAuz
— Selección Suecia (@seleccionsuecia) March 22, 2021