Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Па, каков играч е Леброн Џемјс, „тројката“ поради која сите станаа на нозе и тоа со звукот на сирената

Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс ќе играат во плејофот на НБА-лигата, откако рано утрово на домашен терен го победија Голден Стејт со 103:100. Ова беше дуел од плејин во Западната конференција кој одлучуваше за седмиот носител во плејофот.

Најзаслужни за победата на Лејкерс беа Ентони Дејвис со 25 поени и 12 скока и Леброн Џејмс со трипл-дабл учинок – 22 поена, 11 скока и 10 асистенции. Леброн Џејмс особено беше расположен за игра, а особено стана хит во медиумите со неговата тројка која ја постигна од голема далечина, или како што вика коментаторот од центарот на градот и тоа со звукот на сирената.

Кај Голден Стејт вообичаено најдобар поединец беше Стеф Кари кој уфрли 37 коша.

Тимот од Сан Франциско и покрај поразот ќе има уште една шанса да обезбеди разигрување за титулата. Противник ќе му биде Мемфис кој ноќеска го победи Сан Антонио со 100:96.