Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пандев доби 20-тина минути против „неговите“, Џенова немоќна против Интер

Интер се врати на втората позиција на табелата со 76 бодови, четири помалку и натпревар повеќе од Јувентус кој доколку утре ја совлада Сампдорија, на две кола до крајот ќе ја обезбеди новата титула.

Вечерва „Нероаѕурите“ славеа со рутински 3:0, со двата гола на Лукаку и еден на Алексис Санчез. Македонскиот репрезентативец Горан Пандев доби дваесетина минути да одигра против неговиот некогашен тим Интер, со кој го постигна најголемиот успех во кариерата, но и клупскиот успех на тимот од Милано, триплета во 2010-та година.

Џенова во следното коло му гостува на Сасуоло, ако победи ќе обезбеди опстанок, а доколку не, тогаш последната шанса ќе ја има против Верона на домашен терен.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore