Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: „Пандев е икона“, Србите ќе навиваат за Македонија на Европското првенство

Новинарот на Спортклуб Владо Новаковиќ имаше само пофални зборови за Пандев и нашата репрезентација, па рече и дека Србија ќе навива за Македонија на Европското првенство во фудбал.

Инаку, покрај стандардната Хрватска која со години е во ТОП10 на светскиот ранг, на ЕВРО2021 за првпат во историјата ќе игра и Македонија.

Новаковиќ не само што важи за еден од најдобрите фудбалски коментатори на Балканот, туку и за личност која многу добро ја познава суштината на фудбалската игра и неговите анализи и најави се едни од најценетите во фудбалската јавност во Србија, но и пошироко.

„Горан Пандев е фудбалска икона во Македонија. Македонија во минатото имаше навистина спектакуларни фудбалери, но од 1995 година па досега нивна прва ѕвезда е токму Пандев. Но од другата страна, Македонија го има и тивкиот и мудар Ангеловски за свој селектор, како и одличната млада генерација која пред неколку години играше Европско до 21 година. Можеби тие немаат квалитет како Србија, но не се ниту многу далеку. Нивниот систем полека се развиваше и беше само прашање на време кога ќе заиграат на Европско првенство. Никој не му се мешаше на селекторот, момците знаеја што треба да прават на терен, во селекцијата владее една невидена атмосфера… Токму тоа ѝ фали на нашата селекција. Беше вистинско уживање да ја гледаш Македонија како заедно се бори на терен. Сигурно сите ние на ова Европско ќе навиваме за неа, а доколку се дозволи да има публика на натпреварите, тогаш во Букурешт ќе има еден милион Македонци“, рече Новаковиќ.

Хрватска и Македонија ќе бидат единствените фудбалски репрезентации кои следниот јуни ќе го претставуваат Балканот на Европското првенство

loading...

Facebook