Фудбал
ВИДЕО: Пандев кажа кои се неговите најубави три голови, еве кои се тие
Македонскиот репрезентативец и најдобар фудбалер Горан Пандев во интервју за клупскиот сајт на Џенова, зборуваше за многу работи. Од приватниот живот, почетоците на кариерата, па се до Џенова.
– Мајка му сакаше да одам на училиште, но мене тоа не ми се допаѓаше. Јас сакав само фудбал и од мал играв со другарите. Толку бев заблуден во фудбалот, што не гледав многу по девојки. Еден мој пријател ме запозна со Надица, со која и денес сум заедно и имаме прекрасно семејство, Сите три деца се родени во Италија: Филипо во Милано, Ана во Неапол и Софија во Џенова. Некогаш знам да бидам и строг со децата, но не сум долго со нив и не може да бидам престрог“, додава капитенот на Македонија.
Беше прашан и кои му се најубавите голови, а Пандев со одговор:
-Најубави мои голови се лоб ударот против Верона во дресот на Џенова, голот за Лацио против Јуве, кога ги минав Турам, Канаваро и го совладав Буфон и уште еден гол против Јуве, овојпат во дресот на Наполи“, вели најдобриот македонски фудбалер.