Фудбал
ВИДЕО: Пандев погоди и донесе надеж за Џенова
Горан Пандев и донесе победа на Џенова во пресметката со Сасуоло и ги постави конечните 2:1. Капитенот на македонската репрезентација погоди во 86-тата минута по една контра.
Џенова поведе преку Кришито од пенал во 29. минута, четири минути подоцна изедначи Обијанг, а решавачкиот момент се случи во 86. минута кога Пандев натрча на една нафрлена топка, а по одбранетиот првичен удар, во пад ја зафати топката со глава и постигна гол за голема радост на домашните навивачи.
Со новите три бода, Џенова не е веќе последна во Серија А. Сега има 14 бода (19.место), исто колку и Бреша која е 18-та.
#GoranPandev Sempre decisivo. pic.twitter.com/RjsnrT3kNR
— gent (@GentiPenko) January 5, 2020