Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пандевци го освоија Ѓорче Петров – Крстовски со два гола

Екипата на Академија Пандев попладнево направи нов голем чекор кон опстанокот после третата победа во низа во Ѓорче Петров против Македонија ЃП со 2-1.

Марио Крстовски во дресот на Академија Пандев во дуелот со Македонија Ѓорче Петров и во краток интервал даде два гола (0-2).

Во 61. минута од натпреварот Сами Фазли како џокер од клупа ја враќа Македонија Ѓорче Петров во игра и дава надеж за некаква промена до крајот на натпреварот. Фали влезе во второто полувреме и се докажа како одлична направена замена.

Македонија ЃП во следното коло ќе гостува во Струмица кај Беласица, додека Академија Пандев ќе му биде домаќин на Шкупи.