Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: „Пелистер“ повторно ги скара советниците – едни фалат, други кудат, трети велат не е време за политика

Отуѓувањето на акциите на ФК „Пелистер“ денеска ја загреа атмосферата во советот на Општина Битола. Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ во кампањата беа против ваков договор, а сега го бранат.

„Она што го ветувавте сега го демантирате. Ветувавте многу за спортот во Битола, а досега може да видиме дека само Пелистер е испадната во втората лига. Ништо друго. Сите тука, а и Битолчани сакаме силен Пелистер, но според досега виденото се сомневаме во способноста на оваа локална власт да направи, нешто за спортот во Битола“, изјави Горан Степановски – советник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од СДСМ му возвратија дека остануваат на ставот Пелистер да го направат посилен, бидејќи тоа е нешто што го ветиле.

 

„Во минатиот период се работеше не одговорно, клубот беше задолжен со дополнителни финансиски средства и го отежнаа работењето по што дојде до ситуација отпаѓање во втора лига“, изјави Борче Корлевски – советник од СДСМ.

Тој додаде дека не се согласни со овој договор. Туку дека начинот на продажба на акциите е понајмалку истиот начин од договорот, затоа што се задолжуваат претходните акционери да извршат продажба на акциите на ФК „Пелистер“.

Од независната советничка група „Поинаку“ пак реагираат дека не е време за политика.

„Имам само едно барање, откако ќе се продадат акциите на доминантниот сопственик барам, договорот кој ќе го склучи Општина Битола со новите газди, првин да помини на совет односно да го видат советниците и битолчани. Да не ни се повтори она што го правеше Владимир Талески. Да се изнаслика, па после две години да го види јавноста и советниците договорот“, изјави Габриела Илиевска – советник од независната советничка група „Поинаку“.

ЈОВИЦА ПАУНОСКИ

Реклама
Реклама

ФОТО

Повеќе од Фудбал

WP Facebook Auto Publish Powered By : XYZScripts.com