Connect with us

Кошарка

(ВИДЕО) Перо Антиќ со порака до фудбалерите: Главите горе, не читајте ништо и уживајте!

За три дена, фудбалската репрезентација на Македонија ќе го одигра дебитантскиот натпревар на европските првенства.

Во Букурешт ќе се сретне со Австрија и тоа ќе биде историски ден за македонскиот спорт бидејќи по ракометната, кошаркарската и одбојкарската, уште една наша селекција ќе настапи на континентално натпреварување. Последните подготовки веќе се во тек, а фудбалерите денеска добија поддршка од нивниот голем фан, а наша кошаркарска легенда и актуелен претседател на КФСМ, Перо Антиќ.

Во интервју за официјалниот ТВ канал на Фудбалската федерација, трикратниот европски шампион им порача на фудбалерите да уживаат на теренот, а на фановите да бидат покрај нив, дури и ако работите не тргнат според посакуваното.

Реклама

Facebook