Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Пилотот во Ф1 ја ризикува својата кариера поради видео со гола девојка

Рускиот возач Никита Мазепин, кој следната сезона ќе се натпреварува во Формула 1 со американскиот болид Хас, ризикува да не излезе на патеката поради видеото објавено пред извесно време на неговиот Инстаграм профил.

21-годишниот пилот долго време беше мета на ФИА за неспортско однесување и некои казни што ги доби во Формула 2 оваа сезона, каде беше рангиран на петтото место. Сепак, ова видео може да има сериозни последици, бидејќи ваквото однесување е спротивно на вредностите на овој спорт.

На видеото автомобилот го вози пријател на Никита, а тој на задното седиште е со девојка, полугола и пијана. Мазепин беше во автомобилот со некои пријатели. Пилотот потоа го отстранил видеото, кое потоа другите луѓе го објавиле на социјалните мрежи.

Лидерите на Хас, по ова видео, излегоа со соопштение во кое се вели: „Ние нема да го толерираме такво однесување на Никита Мазепин и сметаме дека тоа видео е срамно “. Додека самиот пилот рече: „Се извинувам за своето однесување и за фактот што го објавив ова видео на социјалните мрежи. Му се извинувам на Хас за фактот што разочарав многу луѓе“, пишува Мазепин.