Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пјаниќ пристигнува на лекарски преглед, патем ја исполни желбата на срамежливото момче

Миралем Пјаниќ помина само седум минути на теренот на стадионот „Алијанц“ на средбата Јувентус-Бреша.

Маурицио Сари го остави Пјаниќ на клупата, а во игра во стави кон средината на второто полувреме, но по една интервенција Пјаниќ беше принуден да ја напушти играта.

Разочаран и лут поради повредата, одличниот играч од средниот ред го напушти теренот, а првите прогнози укажуваат дека се работи за повреда на адукторот.

Пјаниќ денеска пристигна во медицинската клиника на клубот, каде ќе биде подложен на темелен лекарски преглед, по што ќе се знае интензитетот на повредата.

Во оваа прилика, фудбалерот се сретна со момче кое некако срамежливо го праша Пјаниќ за заедничка фотографија. Sздата на Јувентус размени неколку зборови со момчето, а потоа се фотографираа.

Како што стојат работите сега настапот на Пјаниќ против Лион во Лигата на шампионите следната недела е под знак прашалник. Слична повреда Пјаниќ имаше и во ноември, а тогаш паузираше неколку дена.