Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По Дел Пјеро уште една легенда се огласи-Јувентус го победи Интер од непостоечки пенал

По дербито вчера, кое Јувентус го доби со 3:2, откако Квадрадо во 88-ма минута од сомнителен пенал постигна гол за победа, тема во Италија е судењет на Џанпаоло Канварезе.

Прв се огласи Дел Пјеро, легенда на Јувентус, кој порача дека немало пенал за Јуве, а истото го мисли и легендата на Милан и италијанскиот фудбал Алесандро Костакурта.

Легендата на Јуве, Алесандро Дел Пјеро, прв призна дека немало пенал за Јувентус, посочувајќи дека ниту еден од трите пенали не требало да се судат, со свој коментар излезе и Алесандро Костакурта, некогашниот лут ривал на Дел Пјеро и Јувентус од редовите на Милан.

„Дефинитивно немаше пенал во таа ситуација. Имаше контакт, но мислам дека Квадрадо одеше на него, вели Костакурта.

Инаку, при оваа ситуација главниот судија воопшто не ја погледна ВАР снимката.

Критиките се дека судијата морал да ја погледне снимката,  бидејќи како што велат голем број на поранешни фудбалери во нивните коментари и гостувања во емисии, Перишиќ само застанал, а Квадрадо ја испружил ногата со обид да изнуди пенал и успеал во тоа.