Фудбал
ВИДЕО: По неколку дена молк, се огласи Меси, останува во Барселона, не е среќен, а Бартомеу е катастрофа
По неколку дена молк, бројни шпекулации за неговата иднина, Лионел Меси се одлучи да се појави во јавноста. Тој вели дека одлучил да остане и да ја одработи последната сезона од својот договор со Барселона. Призна дека писмено побарал да замине и дека не е среќен.
-Не сум среќен, сакав да заминам. Тоа не ми беше дозволено, па одлучив да останам. Не сакам да одам на суд, никогаш нема да одам на суд против мојот клуб кој живот ми значи, вели Меси.
Вели дека причината поради која не е среќен е раководството.
-Раководството на чело со Бартомеу е катастрофа. Нема никаков проект, само ги затискаат дуките. Му кажував на претседателот дека сакам да одам, тоа му го зборувам веќе 12 месеци, вели тој.
Како што вели, кога неговото семејство дознало дека сака да замине, целото семејство плачело. Додава дека без разлика на тоа што сака да замине, ставот кон клубот нема да се промени никогаш.