Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: По ова понижување, Гриезман никогаш повторно нема да го нападне Видал

Артуро Видал изминатите недели беше на излезната врата на Барселона, ги тужеше „Каталонците„ за барањето бонуси, но ситуацијата сега е променета.

Со доаѓањето на Кике Сетиен, се врати насмевка на лицето на Видал, а на последните две средби се најде во почетниот состав.

Искусниот Чилеанец објави на социјалните мрежи кратко видео на кое се гледа како низ нозе ја протнува топката на Антоан Гриезман на една од последните тренинзи на Барселона.

Гриезман тргна да ја одземе топката до Видал, но чилеанскиот играч го дочека и ја провна топката низ нозете.