Connect with us

Ракомет

ВИДЕО: Победата на Хрватска се славеше и во Бања Лука: „Не ни треба полициска придружба“

Хрватска ја победи Норвешка со 29:28 во полуфиналето и се пласира во финалето на Европското првенство.

Хрватите беа посреќни и подобри, а сега големо финале ќе го играат против Шпанија.

Синоќешниот натпревар го следеа и во Бања Лука, каде што се наоѓаат ракометарите на Загреб на подготовки.

Предводени од Веселин Вујовиќ, во ресторанот „Борик Хол“ сите ракометари бурно ги следеа продолжениата и конечно победа на Хрватска.

Вујовиќ беше бучен, а еден од полицајците, наводно, ги прашал гостите од Загреб дали ќе треба полициска придружба на пат кон хотелот, но Вујовиќ го одби.