Кошарка
ВИДЕО: Почна НБА сезоната, шамионот поразен на самиот старт
Новата НБА сезона почна ноќеска со мечевите Бруклин-Голден Стејт и градското дерби ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс.
Без поголеми проблеми „Нетс“ славеше против „Вориорси“ со 125:99. Но, пораз на стартот доживеа актуелниот шампион ЛА Лејкерс од големиот ривал „Клиперс“ со 116:109. „Клиперси“ доминираа на теренот, а по двете четвртини создатоа предност од 20 поени. Сепак, во финишот на првото полувреме „Лејкерси“ успеаја да се вратат резултатски и дојдоа на само минус два 54:56.
Во текот на третата четвртина „Езерџиите“ израмнија на 75:75, но „Клиперски“ со одлична завршница повторно отидоа на плу 11, што беше недостижно за противникот.
Пол Џорџ блескаше со 33 поени, Кавај Ленард уфрли 26, додека кај „Лејкерси“ Леброн Џејмс беше најефикасен со 22 поени.