Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Подгответе се за уште еден историски меч, Ѓоковиќ против Надал во финалето во Рим

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Мастерс турнирот во Рим, откако вечерва во полуфиналната средба го совлада Лоренцо Сонего со 6:3, 6:7 (5) и 6:2.

Во големото финале српскиот ас и актуелен шампион в недела ќе ги одмери силите против Шпанецот Рафаел Надал кој пак беше подобар од Американецот Рајли Опелка.

Финалето се игра утре, со почеток во 17:00 часот.