Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Погба тврди дека сè уште е повреден, но како ќе му го објасни ова на Солскјер?

Пол Погба оваа сезона има одиграно само шест натпревари за Манчестер Јунајтед.

Французинот е повреден извесно време и го одигра својот последен натпревар кон крајот на септември.

Оттогаш, 26-годишниот играч се опоравува и сè уште не се вратил на тренинзи, а во меѓувреме правел многу работи што сугерирале дека тој намерно не сака да се врати на своите обврски во клубот.

Погба не е среќен на „Олд Трафорд“ и веќе напиша дека избегнува да се врати на тренинзи затоа што не сака да ја ризикува својата состојба бидејќи планира да потпише за Реал Мадрид во јануари и не би сакал неговиот трансфер да пропадне.

Фудбалерот на Јунајтед продолжи да прави потези што ќе биде тешко да му се објаснат на Солскјер, па во моментот кога неговиот тим играше против Евертон, Пол Погба беше на свадбата на неговиот брат.

Тој беше видливо расположеен, танцуваше и правеше потези што не ги очекувавте од играч кој е повреден.

https://youtu.be/fQ1N_Jsm5Ek