Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете го овој специјален дрес со кој ќе бркаме ИСТОРИЈА

Фудбалската федерација на Македонија објави интересно видео на кое се гледа подготовката на дресот за мечот на 12 ноември, кога Горан Пандев ќе ја предводи репрезентацијата во историската шанса за пласман на големо натпреварување.

Утре и официјално започнува најважната мисија во нашата фудбалска историја. Селекторот Игор Ангеловски ќе го има првиот собир со своите пулени во пресрет на финалето во Лигата на нации против Грузија (12 ноември).

За првпат во нашата историја на еден репрезентативен дрес ќе стои „ФИНАЛЕ“, а доколку Македонија успее да слави во Грузија, сигурно секој македонски фан ќе посакува да го има во својата гардероба.