Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете го уште еднаш прекрасниот гол на Несторовски против Јувентус, а потоа „лудилото“ во соблекувалната

„Старата дама“ имаше можност синоќа во Удине и математички да ја обезбеди новата титула. Сепак еден од главните виновници тоа што не се случи е македонскиот напаѓач Илија Несторовски. Тој во 52-та минута на прекрасен начин со глава постигна гол за 1:1 по нафрлувањето на Сема. Потоа во 91-та минута Фофана постигна гол за 2:1 и голема победа на Удинезе. За Несторовски ова е трет гол во дресот на Удинезе во Серие А.

Секако, по победата следуваше „лудило“ во соблекувалната. Играчите на Удинезе се радуваа како да освоиле титула.