Поврзи се со нас

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете ја оваа магија на Марез, дриблинг и гол во мрежата на Зимбабве

На денешниот натпревар, меѓу селекциите на Зимбабве и Алжир, фудбалерот на Манчестер Сити, Ријад Марез постигна еден одличен погодок.

Крилниот фудбалер на одличен начин прими една долга топка,  а потоа со неколку потези „го извади од копачки“ својот противник пред да го постигне вториот гол за неговата репрезентација.

Иако беше голем фаворит, фудбалската селекција на Алжир ги разочара своите фанови, откако попладнево одигра само 2-2 против Зимбабве.

Ова реми беше прв неуспех за Алжир во квалификациите за Афиканскиот Куп на нации, по трите победи во воведните кола.

loading...

Facebook