Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Погледнете како чудесниот Мбапе го спаси ПСЖ – Овој спринт ќе остане запаметен

Во натпреварот од 27. коло на француската Лига 1, ПСЖ оствари драматична победа од 2:1 на гостувањето кај Брест. Овој супербогат тим одигра уште еден во низата слаби и неубедливи партии, но Килијан Мбапе беше доволен да го спаси тимот на Кристоф Галтие.

Кликнете тука и погледнете ги головите.

ПСЖ го започна натпреварот со двете најголеми ѕвезди со кои располагаа Килијан Мбапе и Лионел Меси. Нејмар поради тешка повреда не конкурираше за овој натпревар, а таму нема да биде до крајот на сезоната. Сепак, Парижаните едвај го разбија Брест.

Стрелец на првиот гол беше Карлос Солер. Шпанскиот играч за врска беше прецизен во 37. минута од средбата, а единствениот гол на Брест на натпреварот беше и во првиот дел од натпреварот. Голот го постигна Франк Онорат во 44. минута. Конечните 2:1 ги постави Килијан Мбапе во 90. минута со чудесен гол.

Advertisement