Connect with us

Тајмаут

ВИДЕО: Погледнете како се движеше хеликоптерот во кој беше Коби Брајант

Кошаркарската легенда на ЛА Лејкерс, Коби Брајант, трагично загина во хиликоптерската несреќата во неделата.

Хеликоптерот се срушил во близина на Лос Анџелес, а Брајант патувал на кошаркарски турнир со својата 13-годишна ќерка и седум други лица. За жал, тие не пристигнале на нивната дестинација, а во несреќа никој не преживеал.

Смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ја потресе светската јавност. Истрагата за оваа несреќа започна, и покажува дека густата магла била главната причина што пилотот не знаел дека е во близина на ридско подрачје.

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како се движи хеликоптерот. Тој леташе од Оринџ кантри, каде што Брајант живееше со семејството, и тие се упатија кон Таусент Оукс каде требаше да игра неговата ќерка.

Поради густата магла, пилотот беше прилично збунет во врска со она што може да се слушне при снимањето на разговорот од контролната кула. Прво, хеликоптерот крстареше 15 минути над зоолошката градина во Лос Анџелес, а потоа се упати кон Таусент Окс.

Откако пилотот бил предупреден да лета премногу ниско, тој ја зголемил висината, но потоа се свртел кон планините во Калабусас при што повторно ја изгуби висината.

Густа магла имаше во поголемиот дел од Лос Анџелес во неделата наутро, па дури и полицијата ги слета нивните хеликоптери бидејќи видливоста беше многу лоша. Тоа време, полетал хеликоптерот, во кој бил Брајант и осум други лица.