Фудбал
ВИДЕО: „Покер“ на Ливерпул, далеку е Манчестер Сити
Ливерпул забележа уште една победа. Овој пат против Саутемптон со 4:0. Чебрлејн и Хендерсон по еднаш, а Мохамед Салах два пати ја тресеа противничката мрежа. Сега, „Црвените“ имаат дури 22 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити, кој допрва треба да го одигра својот меч од 25.коло.
Но, и покрај тоа се чини се е познато тука, останува само да се види дали тимот на Јурген Клоп ќе успее сезоната да ја заврши без пораз. Досега има 24 победи и едно реми.
Standings provided by Sofascore LiveScore