Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Порто шампион, по 14 месеци Икер Касиљас на „Драгао“

Порто со 2:0 синоќа славеше во дуелот со Спортинг Лисабон и преку големото дерби на две кола до крајот ја обезбеди шампионската титула. Ова е 29-та титула за Порто.

Икер Касиљас, голман на овој тим, кој имаше срцев удар и не играше, синоќа по 14 месеци за прв пат се појави на стадионот „Драгао“, односно на тревникот. Беше тука да прослави со своите играчи.

-Јас се чувствувам како шампион со овој голем успех на Порто, но заслужни се оние кои играа на теренот, изјави Касиљас.