Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Постигна гол, а потоа искажа протест за убиството на Флојд

Напаѓачот на Борусија Менхенгладбах Маркус Турам постигна два гола во победата против Унион Берлин од 4:1. По едниот погодок одлучи да го прослави на чуден начин и со тоа да искаже протест за убиството на Афроамериканецот Џорџ Флојд пред неколку дена, кој практично беше загушен од страна на полицаец, поради што во САД пет дена по ред се одржуваат масовни и насилни протести.

Флојд е поранешен спортист, односно за време на колеџот играл кошарка и рагби.