Connect with us

Кошарка

ВИДЕО: Постигна тројка секунда пред крајот за големото финале

Одличен натпревар одиграа Гонзага и УЦЛА во полуфиналето од плејофот на НЦАА-лигата.

Гонзага ја победи УЦЛА 93:90 синоќа по продолженијата со тројка во последната секунда.

Сугс беше херој на натпреварот.

„Тренираме такви удари секоја ден. Јас обично не ги погодувам, но овој пат имав доволно самодоверба”, рече Сугс по натпреварот.

Големото финале помеѓу Бејлор, кој лесно го совлада Хјустон и Гонзага, ќе се игра ноќта помеѓу вторник и среда во 3:30 часот по средноевропско време.