Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Потегот на Гатузо кој предизвика лавина реакции во Италија по поразот од Аталанта

Наполи е поразен на гостувањето кај Аталанта со 4:2, па се чини дека битката за титулата завршува. Сега дури ќе бидат под знак прашалник и позициите кои носат пласман во ЛШ иако секако има уште многу да се игра.

Но, лавина реакции предизвика неговиот потег. Имено „жртва“ беше Амир Рахмани, кого Гатузо го фати за лицето, со голем бес, но само секунди потоа го гушна. Дел од коментарите се негативни, но имаше и такви дека едноставно Гатузо на тој начин ги искажува емоциите кон играчите.