Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Потегот на Нејмар кој ги налути навивачите на Барселона

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како Нејмар танцува и гледа меч на Реал Мадрид против Барса. Се пласираше вест дека Бразилецот танцува при голот на „Кралевите“ против Барселона, што предизвика револт и негативни коментари на социјалните мрежи од страна на навивачите на каталонскиот тим.

Сепак, точно е тоа дека Нејмар танцувал и точно е тоа дека го правел додека го гледал мечот. Но, не е точно дека со ова се радувал на голот на Реал Мадрид. Кога Нејмар танцувал беше 35-та минута, но голот беше постигнат многу порано, односно 11 минута.