Други спортови
ВИДЕО: Познатиот Евандер Холифилд се враќа во рингот
Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Евандер Холифилд (58) се врати во рингот.
58-годишникот ќе се бори со поранешната ММА sвезда Витор Белфорт на 11 септември во Калифорнија, и влегува во мечот како замена за друга легенда, Оскар Де Ла Хоја.
Осум дена пред натпреварот Де Ла Хоја беше позитивен на коронавирус. Организаторите успеаја брзо да реагираат и да го ангажираат Холифилд.
View this post on Instagram
Единствената пречка што останува да се потврди натпреварот е Атлетската комисија во Калифорнија. Треба да го одобрат натпреварот и наскоро се очекува одлука.
Ако тие на крајот не дадат согласност за оваа борба, целиот настан може да се премести на Флорида.
View this post on Instagram
Евандер Холифилд го одигра својот последен натпревар во 2011 година. Сепак, тој најави враќање, што може да се случи сега.
Белфорт (44), пак, го одигра својот последен ММА натпревар во 2018 година, а потоа целосно се посвети на боксот.