Ракомет
ВИДЕО: Пред 18 години Кометал ЃП ја покори Европа, а Македонија стана ракометна сила
Дину, Нацева, Кастратовиќ, Чупиќ, Будумир,Кисељева, Платон, Велкова, Бујанова, Калиниченко, Андрушенко, Малахова, Пласницкаја, Златановска, ех каков тоа ракомет се играше пред 18 години. Постарите генерации сигурно кога ќе се изговорат овие имиња веќе знаат дека се зборува за Кометал Ѓорче Петров, екипа која на Македонија и го донесе пехарот во Лигата на шампионите.
Тоа беше историја за македонскиот спорт, најголем постигнат успех на еден спортски колектив на меѓународна сцена. Секако, во поновата историја Вардар во машка конкуренција тоа го стори два пати, но „Кометалки“ се тие кои ја ставија Македонија на европската карта и ја направија ракометна сила.
Во тогашното финале Кометал ЃП го совлада унгарски Херц со 26:22 на домашен терен, па беше неутрализирана негативата од првиот меч од 27:25.
Кометал 17 пати беше првак на Македонија, а само еден пехар помалку имаат во Купот. Во 2000-та и 2005-та играше финале, во ЛШ, но беа поразени.
Овој клуб за жал згасна во 2011-та година.