Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Пред точно 10 години Горан Пандев ја покори Европа

2010-та година беше година на Интер, година на Горан Пандев. Освоија триплета и го забележаа најголемиот успех во историјата на овој италијански тим. На чело со Жозе Мурињо, Пандев и дружината ја освоија титулата во Италија, потоа Купот во Италија, а на крајот на 22 мај 2010 година го совладаа Баерн Минхен во финалето со 2:0 и ја покорија Европа.
Пандев во финалето играше 79 минути.