Ракомет
ВИДЕО: Пред точно една година Вардар ја покори Европа
Пред точно една година, Вардар ја покори Европа. Тоа беше втора титула во Лигата на шампионите за „црвено-црните“. Во финалето минатата година го совлада унгарскиот шампион Веспрем со 27:24.
Во последните три години Вардар два пати ја освои лигата на шампионите. Иако минатата година со финансиски проблеми, сепак ракометарите се надминаа себе си и ја освоија круната. Оваа година ги заврши натпреварите, бидејќи ЕХФ одлучи да ја скрати сезоната поради коронавирусот.
По заминувањето на Сергеј Самсоненко, во Вардар дојде Михајло Михајловски, па се најавуваат нови подобри денови.