Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Прекин во Париз, Невидени сцени во ЛШ – Башакшехир го напуштаат теренот, познато каква навреда кажал судијата!

Натпреварот меѓу ПСЖ и Башахшекир е во прекин.  Натпреварот од групата Х, помеѓу Пари Сент Жермен и Истанбул Башакшехир е прекинат и најверојатно нема да продолжи, откако гостите го напуштија „Паркот на Принцовите“.

Четвртиот судија наводно навредил еден од гостинските фудбалери, по што следеше жесток протест на гостите, кои на крајот одбија да го продолжат натпреварот.

„Ова не е фудбал“, порачаа фудбалерите на турскиот тим и заминаа во соблекувалната, иако главниот судија се обиде да го разубеди од идејата.