Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Проблемите за Ибрахимовиќ и Лукаку допрва доаѓаат

Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку се суспендирани по еден меч во Купот на Италија. Суспензијата е поради добиените картони на мечот, Ибра поради исклучувањето, а Лукаку поради насобрани жолти „опомени“.

Сепак, вистинските проблеми за овие двајца фудбалери допрва доаѓаат. Имено, обвинителството на Фудбалскиот сојуз на Италија ги земало аудио и видео снимките од комплетниот инцидент и покренало истрага која ќе биде завршена по итна постапка.

Со оглед на тоа дека судијата Валери не ставил никаква забелешка за ова во записникот по завршувањето на мечот, „топката“ за инцидентот помеѓу Ибра и Лукаку е префрлена во обвинителството на ФС на Италија. Па, така двајцата фудбалери би можеле да бидат дополнително казнети за меѓусебните навреди упатени на дуелот во Купот помеѓу Интер и Милан.