Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Промашување на векот од фудбалските терени – Бразилецот долго ќе го памети синоќешниот натпревар

Во финалето на плеј-офот на бразилската Паулиста А2 видовме нереално промашување.

Португеса славеше со 2:0 против Сао Бенто со двата автогола на Переира и Диего во 43. односно 62. минута од натпреварот и дојде до титулата бидејќи првиот меч заврши 1:1.

Сепак, натпреварот го одбележа ситуацијата од самиот крај на натпреварот кога фудбалерот на Португеса Едуардо Диниз се понижи за сите времиња.

Диниз одлично мина на половина терен, ги надигра играчите на Сао Бент, па голманот, си создаде чиста можност, а потоа само тој знае како успеа да промаши празен гол.

Ова нереално промашување погледнете го ТУКА.

Секако момент кој ќе ја одбележи кариерата на искусниот крилен напаѓач кој целата своја фудбалска кариера ја помина во Бразил, освен сезоната 2012/2013 кога беше член на јапонската Гамба Осака.

Реклама

Facebook