Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Промашувањето на годината доаѓа од Данска

Фудбалерите на данскиот прволигаш Оденсе на домашен терен го пречекаа Хорсен во полуфиналето од плејофот за пласман на европската сцена. Домаќинот славеше со 3:1.

Иако победија, сепак мечот го одбележа промашувањето на фудбалерот на домашната екипа Исам Џебали. Требаше само да ја спроведе топката во голот, но од непосредна близина топката ја префрли над пречката.