Фудбал
ВИДЕО: Прво се поздравија, а потоа Гуаита кажа нешто што навистина го налути Гвардиола
Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа на гостувањето кај Кристал Палас освоија само бод.
Борбата за англискиот шампион повторно е многу жешка бидејќи Сити ја загуби големата предност што ја имаше пред неколку недели.
Граѓаните беа големи фаворити во Лондон, но на крајот не успеаја да го скршат отпорот на Палас, па натпреварот заврши без голови.
По натпреварот во центарот на вниманието беше Пеп Гвардиола кој имаше дискусија со голманот на противничката екипа Висенте Гуаито.
Гвардиола му замерил на шпанскиот голман поради нешто што му дофрлил по мечот, а на теренот имале кратка расправија, но сето тоа завршило мирно.
Јасно беше дека Гвардиола е многу незадоволен од резултатот на својот тим, а токму Гуаита ги стопираше сите обиди на играчите на Манчестер Сити.
Pep Guardiola and Vicente Guaita having a heated conversation at full-time ? pic.twitter.com/bwjaTtVt4G
— Football Daily (@footballdaily) March 14, 2022