Фудбал
ВИДЕО: Прво шампионски шпалир, а потоа шампионска „шлаканица“ од Сити за Ливерпул
Манчестер Сити и официјално му ја предаде шампионската титула на Ливерпул. Пред почетокот на мечот организираа шпалир, односно шампионски пречек на „Етихад“, бидејќи како што изјави Пеп Гвардиола пред неколку дена, кога стана јасно дека Ливерпул е шампион, го заслужиле тоа.
Сепак, по шампионскиот шпалир, Сити им приреди „шампионска шлаканица“ на Ливерпул. Избраниците на Пеп Гвардиола славеа со убедливи 4:0. Кевин де Брујн од пенал во 25-та минута ја почна серијата. Само десет минути подоцна Стерлинг погоди за 2:0, а за водство од 3:0 на полувремето се погрижи Фоден. Конечните 4:0 ги постави Чембрлејн кој постигна автогол.
Во конечниот изглед на табелата ова нема ништо да смени, но секако за фудбалерите на Манчестер Сити ќе биде сатисфакција дека му го нанеле првиот пораз на Ливерпул откако станал шампион.