Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: ПСЖ ги искористи грешките на Нант – Мбапе на врвот меѓу стрелците

Пари Сен Жермен стигна до победа на гостувањето кај Нант од 0-3 во 9. коло од француската Лига 1. Екипата од Париз ги казни противничките грешки, па најпрво во листата на стрелци се запиша Ерера, по што стрелаше и Мбапе, а во самиот финиш погоди и Сарабија.

Килиан Мбапе одигра главна улога во двата погодоци на гостите. Најдобриот стрелец во француското првенство асистираше до Андер Ерера при водечкиот гол во 47. минута. Во подоцнежниот дел од мечот и самиот тој се запиша во листата на стрелци. Најпрво избори најстрога казна и без проблем го совлада Лафонт.

ПСЖ е прв на табелата со 21 бод, односно три повеќе од второпласираниот Лил кој има и натпревар помалку. Нант е 15. со осум бода.