Фудбал
ВИДЕО: ПСЖ славеше над Анжер – непредвиден домашен пораз за Марсеј
ПСЖ забележа нова победа во француското првенство. Со минимални 1-0 славеше на гостувањето кај Анжер во рамки на 20.коло во Лига 1.
Клучен момент на натпреварот беше 70. минута, кога левиот бек Курзава одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник и го матираше голманот на Анже.
Тимот од Париз, вечерва без ковид-позитивниот Почетино на клупата, сега има два бода повеќе од Лион, кој утревечер на домашен терен го пречекува Мец.