Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: ПСЖ славеше со 7:0, но Икарди во конкуренција за промашување на годината

ПСЖ одигра пријателски меч против Беверен на кој славеше со големи 7:0. Вукотиќ со автогол, потоа Нејмар, Икарди, Мбапе, Чупо-Мотинг со два и Мбе Сох со еден гол се запишаа во листата на стрелците.

Иако на моменти се поигруваа со противниците и иако постигна еден гол, сепак на овој меч Мауро Икарди промаши од позиција од која е полесно да се реализира отколку да се промаши. Сигурно дека оваа ситуација ќе влезе во конкуренција за промашување на годината.