ВИДЕО: Рафаел Надал го откри трикот, или подобро речено суеверието

Рафаел Надал внимава на деталите. Дали се работи за педантност, професионалност, или пак суеверие. Сепак, тој има логично објаснување на прашањето зошто толку многу посветува внимание како ќе бидат наредени шишињата кои му служат за освежување.

-текстот продолжува по рекламата-

Неговите шишиња мора секогаш да бидат на идентично место, етикетата мора да биде свртена под точен одреден агол, а повеќе пати признал дека тоа го работи инстиктивно.

Во автобиографијата „Рафа: Мојата приказна“ напишал дека внимателно ги става од левата страна, дијагонално кон теренот. Вели, доколку не му се наредени како што треба, на паузите помеѓу сетовите би мислел на шишињата, а не на играта.

-Некои велат дека тоа е суеверие, но не е. Ако е суеверие дали тоа би го правел секогаш без разлика дали победувам или не, вели Надал.

Совет за етика во медиумите
Loading...