Connect with us

Други спортови

ВИДЕО: Рагбист објави драматично видео со пиштол во рака на социјалните мрежи од неговиот дом-Помош, некој се обидува да ме убие

Вчерашниот ден донесе навистина тешки сцени за соиграчите, семејството и пријателите на рагбистот на Минесота Викингс, Еверсон Грифен.

Несреќниот американски рагбист заврши во болница откако 14 часа бил затворен во својот дом и од каде побарал помош тврдејќи дека некој се обидува да го убие.

Грифен снимил и видео од креветот каде што држи пиштол. Тој бил видно вознемирен и испраќал пораки до пријателите да му помогнат.

“Јас сум во мојот дом. Се обидуваат да ме убијат. Ова е мојот пиштол, регистриран на мое име и точно знам каде го купив. Ги имам сите документи”, вели  на видеото, а потоа напиша:

„Ми треба помош, некој се обидува да ме убие во мојот дом.

Полицијата реагирала по снимката. Пристигнале пред домот на ѕвездата на Викинзите, но тој не сакал да ја напушти куќата.

На крајот сепак го увериле дека ништо нема да му се случи. Тој е префрлен во болница и ќе му биде укажана психијатриска помош.

“Тој ја напушти куќата без никакви инциденти и моментално ја добива потребната помош. Му благодариме на канцеларијата на шерифот за брзата реакција и желбата да се заврши оваа ситуација на најдобар можен начин”, велат од клубот.

Грифен беше хоспитализиран, а треба да се напомене дека во 2018 година имаше и психички проблеми поради кои ја пропушти сезоната.

Реклама

Facebook

Реклама