Connect with us

Фудбал

Рамос го носи Реал Мадрид кон титулата, само чудо може да ги спречи „Кралевите“

Реал Мадрид славеше со минимални 1:0 во пресметката со Хетафе и се чини дека во оваа сезона ќе ја освојат титулата. На пет кола до крајот има четири бодови предност, а како Барселона игра променливо во последните мечеви, само чудо може да се случи Реал Мадрид да ја загуби оваа битка.

Новите 3 бода кои можеби ќе значат титула ги донесе Рамос од пенал во 79-тата минута.

Реал е лидер со 74 бодови, Барселона втора со 70. Реал Мадрид во следното коло му гостува на Атлетик Билбао и се чини дека доколку ја помине оваа тешка пречка, тогаш титулата ќе биде нивна.

Барселона која ремизираше на последните два меча, исто така во следното коло има незгоден меч против Виљареал.