Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Рамос во стилот на Меси и Роналдо

Серхио Рамос постигна фантастичен гол од слободен удар против Мајкорка, во стилот на Меси и Роналдо. Иако е класичен дефанзивец, сепак многу често постигнува голови, а не се ретки ниту ваквите ситуации. Тој го постигна вториот гол со кој Реал Мадрид славеше со 2:0.

Ова е негов осми гол оваа сезона во Ла Лига, а вкупно 65-ти на 465 одиграни мечеви. Само два гола има постигнато во дресот на Севиља, а останатите во Реал Мадрид. Во „кралскиот клуб“ е од сезоната 2005/2006.