Connect with us

Фудбал

ВИДЕО: Расистичка порака закачена на авион прелета над фудбалски стадион, клубот се извинуваше

 

Навивачи на Барнли, чиј тим синоќа гостуваше на Манчестер Сити и загуби со 5:0, одлучиле да изнајмат мал авион на кој закачиле транспарент каде пишуваше „Белите животи се важни. Барнли“. Ова секако претставува расистичка порака а доаѓа по масовните протести во САД поради бруталното убиство од страна на полицаец на Афроамериканецот Џорџ Флојд. По овој инцидент се формираше движење „Црните животи се важни“ кои организираа протести ширум Америка.

Од Брални веднаш се извинија:

„Длабоко им се извинуваме на Премиерлигата, Манчестер Сити и на сите што го промовираат движењето и пораката „Black Lives Matter“, соопштија од Барнли.

„Ова е неприфатливо, но не можете да го осудите целиот наш град и клубот без причина, вели Шон Дајч, тренер на тој клуб.